Достапни линкови

Почнуваат преговори меѓу владата и ОКТА


Нафотоводот Скопје – Солун има градежна дозвола само за осум километри, останатиот дел е дивоградба, тврдат правните експерти. Според луѓето кои ги чешлале документите, на истата траса Грците инсталирале телефонски кабел со капацитет од 20,000 приклучоци. Оваа активност е реализирана без одобрение на управата за телекомуникации. И на крајот, нафтоводот не е технички примен, односно нема употребна дозвола, ова се само дел од слабостите кои произлегоа од купопродажниот договор за продажба на ОКТА и изградба на нафтоводот, а кои во текот на денешниот ден се ревидира од страна на експертски тимови од Република Македонија и Грција.

„Македонската страна е на ставот дека Договорот за стабилизација и асоцијација и правилата на Светската трговска организација упатуваат на тоа дека правилото на недискриминација мора да важи за сите стопански субјекти“

вели портпаролот на министерството за економија Гоце Пачемски.

Менаџментот на ОКТА е воздржан во ставот околу крајниот исход на преговорите.

„Расположението е секако позитивно. Има разбирање од двете страни“

Спроведената ревизија треба да одговори на прашањето, како договорот да се раскине што побезболно за двете страни и да се изготви нов што ќе биде ратификуван од парламентите на двете држави. Според пресметките на владата, од ваквите договори Македонија годишно имаше штета од 130 милиони евра.

„Ова е почеток на преговорите и ние не очекуваме дека тие ќе бидат лесни и едноставни, бидејќи се работи за права кои се стекнати“.

Преференцијалниот статус на Рафинеријата од Миладиновци не е единствениот проблем. Според грчата страна, аргументот на владата дека тие од сега па натаму би увезувале нафта како останатите компании и би плаќале царинска давачка од 20 насто нема да биде доволен за останување во сила на овој договор. Според експертите, во договорот може да се сретнат многу анекси што се на директна штета на Република Македонија. Како на пример, Македонија се обврзува годишно да откупи од ОКТА 500,000 тони мазут. Доколку тоа не го стори должна е на сопственикот на ОКТА да му плаќа пенали. Односно, осум насто од вредноста на неоткупениот нафтен дериват. Според договорот низ нафтоводот годишно треба да се транспортира одредена количина нафта, а доколку овој услов не е исполнет државата е обврзана повторно на сопственикот на ОКТА да му плаќа пенали, плус затезна камата. Уставниот суд пред четири месеци донесе укинувачка одлука на двата билатерални договори за изградба на нафтоводот и продажба на рафинеријата ОКТА.
XS
SM
MD
LG