Достапни линкови

Хаг: Првите обвинети косовски Албанци ќе се појават пред судот


Првите косовски Албанци, обвинети од Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово, ќе се појават денеска пред судот во Хаг, за да се изјаснат по обвиненијата. Трибуналот ги обвини Хајредин Баљаја, Исак Муслиу и Агим Муртези, членови на поранешната Ослободителна војска на Косово, за злосторства извршени врз 23 српски и албански цивили во логорот Лапушник. Фатмир Лимај, четвртиот обвинет од судот во Хаг, е уапсен во Словенија и се очекува да му биде предаден на Трибуналот.
XS
SM
MD
LG