Достапни линкови

Техеран: 302 лица загинаа во авионска несреќа


Триста и две лица загинаа во авионска несреќа, кога еден ирански воен авион се урнал во југоисточниот дел на земјата, јави иранската агенција Ирна. Според најновиот биланс на жртвите, во несреќата загинале 284 припадници на воздухопловните сили „Чувари на Револуцијата“ и 18 членови на екипажот. Авинот „Антонов“ од руско производство, се изгубил од радарските екрани еден час по полетувањето, откако предходно побарал слетување поради лошото време.
XS
SM
MD
LG