Достапни линкови

Њујорк: Заврши дводневната расправа во Советот за безбедност за Ирак


Во Советот за безбедност на ОН вечерва заврши дводневната расправа за ирачката криза. Повеќето учесници во дискусијата се заложија за продолжување на мисјата на инспекторите на ОН за оружје во Ирак и изразија загрижност поради последиците од можното воено решавање на спорот.
На крајот од расправата на амбасадорите им се обрати и ирачкиот претставник во ОН Мохамед Ал Дури, кој уште еднаш повтори дека Ирак не поседува оружје за масовно уништување. Тој нагласи дека Багдад конструктивно ќе соработува со инспекторите за оружје на Светската организација со цел мирно надминување на кризата.
XS
SM
MD
LG