Достапни линкови

logo-print

Светската банка бара отпуштање на 2700 работници


„Јас работам 40 години уште за четири месеци треба да одам во пензија, а за овие четири месеци гледаш до какво дереџе дојдовме. 22 години работам на овие промаи надвор и сега не можеме да опстанеме тоа ти е.“

Овој впечаток на неизвесност дека воопшто ќе може да продолжат да работат во компанијата работниците со повеќе деценискиот стаж во Јавното претпријатие „Македонски железници“ продолжуваат да го делат со уште илјадници нивни колеги - железничари.

Организирани во синдикално движење, работниците врз основа на средбите со претставниците на владата во изминатите шест денови од неделата колку што трае штрајкот констатираат

„Во однос на моделот за трансформација беше најавено дека постојат два модела каде што децидно е кажано дека 2,700 луѓе ќе останат без работа. Јавно прашуваме дали 2,700 луѓе треба да останат на улица затоа што светската банка рекла така,“

вели еден претставник на синдикатот на железничарите.

Проектот на Светската Банка за Македонски железници кој и е предложен на владата предвидува од работа да бидат отпуштени 2700 од вкупно 3800 вработени под образложени дека претпријатието работи со загуба.

Владата сеуште не се изјаснила на каков начин и под кои услови ќе го приватизира претпријатието, но според логиката на оваа мерка на Светската Банка треба да се очекува оти претријатието ќе работи успешно, а тие 1100 работници што ќе останат во компанијата ќе имаат повисоки и редовни плати.

„Нигогаш не сум се надевал дека железница ке доједе на ваков степен порано си работеше убаво имаше пари плата имаше и вишкови. Но, за жал доје што дојде. Само да ни даваат палта за да си дочекаме пензија. Нема ни од кого да позајмам.“

„20 години работам на овие промаи и сега не можеме да опстанеме, е тоа ти е...“

реагираат работниците. Тие се решени да продолжат да штрајкуваат.

„е па до кога!? Додека едниот не попушти Владата би требало да попушти.“

Во меѓувреме рабониците од македонски железници кои имаат помал работен стаж, но и можност да бидат работоспособност размислуваат и за алтернативни решенија во ситуација кога би се применила приватизација на претпријатието кое подразбира отпуштања.

„Јас сум од Велес, а Велес е град каде што најлесно ги отпуштија сите работници, како на пример Порцеланка и други. Тоа е град на просјаци, па си реков млад сум и јас ќе се снајдам. Ќе одиме во странство, ќе работиме за ситни пари во Грција“

Ова беа размислуавањата на вработените од „Македонски железници“ на шестиот ден од штрајкот со кој е блокиран во целост железничкиот сообраќај во земјава. Според проценките на владата како последица на прекинот на сообраќајот стопанството дневно трпи штета од 60 илјади евра.
XS
SM
MD
LG