Достапни линкови

Крањска Гора: Уапсен Фатмир Љимај, осомничен за воени злосторства


Словенската полиција потврди дека утринава во Крањска Гора е уапсен Фатмир Љимај, обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово. По апсењето тој му е предаден на истражниот судија. Освен Љимај, за воени злосторства извршени врз 23 албанци и срби во логорот Лапушник, Трибуналот ги обвини и Харадин Баљај, Исак Муслиу и Агим Муртези кои вчера му беа испорачани на судот во Хаг.
XS
SM
MD
LG