Достапни линкови

САД работат на нова резолуција на ОН за Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш потврди дека Вашингтон работи врз нова резолуција за Ирак која бо можела да биде преставена во Советот за безбедност на Обединетите Нации деновиве. Меѓутоа Буш повтори дека и покрај тоа што е добредојдена подршката на Обединетите Нации, таа не е неопходна за лансирање воена акција за разоружување на Ирак.

„Втора резолуција би била корисна но нам не ни е неопходна друга резолуција. Јасно е дека Садам Хусеин не ја исполнува првата резолуција 1441. Меѓутоа ние сакаме да работиме заедно со нашите пријатели и сојузници за да видиме дали треба да имаме нова резолуција. Сега го правиме токму тоа.“

Британскиот премиер Тони Блер изјави дека и тој би сакал нова резолуција за авторизација на сила против Ирак. Турција стратегискиот американски партнер соопшти дека втора резолуција на Советот за безбедност е неопходна за да им биде дозволено на американските трупи да ги користат турските бази за напад врз Ирак. Франција , Русија и Кина изразија резерви кон воена акција. Францускиот претседател Жак Ширак рече дека тој во оваа фаза се спротивставува кон секаква резолуција која би дозволила употреба на сила. Американскиот државен секретар Колин Пауел во изјава за Франс Инфо рече дека земјите кои се залагаат за продолжување на инспекцијата на Обединетите Нации во Ирак се плашат да преземат одговорност за можната војна. Повеќето земји кои немаат постојано место во Советот за безбедност, дебатирајки во Обединетите Нации за ирачката криза изразија загриженост поради можната војна.
XS
SM
MD
LG