Достапни линкови

Власта за, опозицијата против закон за соработка со Трибуналот


Политичките партии во Македонија со различни ставови околу сугестиите на евро пратеникот Алексис Брунс, за донесување закон за соработка со Хашкиот Трибунал. На овој начин смета тој би се решиле недоразбирањата, односно различните толкување на постоечкиот закон за амнетсија.

Владеачките партии СДСМ и ДУИ со позитивен став околу оваа прашање додека за опозициската ДПА треба доследно да се почитува законот за амнестија.

„Моментално во сила е законот за амнестија и согласно овој закон сите поранешната припадници на ОНА треба да бидат амнеастирани , и истовремене амнестијата доследно да се почитува. Од друга страна ние сме за тесна соработка со Хашкиот Трибунал кој е надлежен за сите случаии на воени злосторства за време на конфликтот во земјава, а не како што е досега македонските власти да ги превземаат ингренциите на трибуналот, со што не се почитува постоечкиот закон за амнестија,“

изјави генералниот секретар на ДПА Ружди Матоши .

Во најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ засега без став, а што се однусува до владеачките партии за нив дилеми нема, мора да се соработува со Трибуналот.

„Во моментот може да се замислува за форма која што ќе значи конкретизирање и за натамошната соработка со Хашкиот трибунал. За нас нема никакви дилеми дека Македонија мора да соработува со Хашкиот трибунал и да ги исполни сите обврски што како членка на ОН ги има во тој домен,“

изјави портпаролот на СДСМ Игор Ивановски .

Ова прашење ќе биде покренато на средба на Министерот за правда Исмаил Дардишта со главниот обвинител на Хашкиот Трбунал Карла Дел Понте вели портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети

„Ова прашање ќе биде разгледувано и на средбата со Карла Дел Понте. Во принцип став на партијата е дека треба да постои законска рамка врз која ќе се регулира соработката со Хашкиот трибунал, за да не се остави простор за манипулации со толкувањата.“
XS
SM
MD
LG