Достапни линкови

Поднесена една кривична пријава за тероризам


Министерството за внатрешни работи поднело една кривична пријава за тероризам, а во подготовка е и друга кривична пријава за соучество. Се работи за лица кои се осомничени за терористичкиот акт што се случи викендов во Струга при што беше уништен голем дел од зградата на основниот суд во овој град.

„Беа обезбедени наредби за извршување на претрес во домовите на три лица, и тоа едното од село Долна Белица, од Велешта и од Долно Татеш. Во овие преземени активности од страна на министерството, пронајдено е големо количество оружје, експлозивни направи, муниција, документација за набавени неопходни средства за изработка на експлозивната направа, електрични детонаторски каписли, експлозив, батерии, формирани експлозивни направи во вид на мобилни телефони, шематски приказ на експлозивна направа, уреди кои се користат во механизмот како прекинувач на експлозивна направа и друго“.

изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска, која посочи дека лицето од Велешта доброволно го предало оружјето на командирот на полициската станица во ова село. Контевска со благодарност и до месното албанско население:

„Изразуваме голема благодарност на месното албанско население кое даде поддршка и помогна во извршувањето на активностите на МВР при преземањето голем број активности за откривање на сторителот“.

Нападот во Струга го осудија и претставниците на меѓународната заедница во земјава кои го поддржуваат МВР во напорите за справувањето со насилството.
XS
SM
MD
LG