Достапни линкови

logo-print

Безбедноста кршлива, потреби дополнителни напори


Безбедноста е кршлива, потребен е дополнителен напор, меѓусебна координација пред се во јужна Србија Косово и дел од Македонија за со поддршка на Меѓународната заедница да се обесхрабрат сите екстремисти кои веруваат дека постои поволна клима за нивните хегемонистички идеи рече македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски по средбата со неговиот колега од Србија и Црна Гора Велимир Радојевиќ. Ја сум уверен дека такво нешто не е можно рече Бучковски но сепак

„Но, од друга страна сум и свесен дека провокациите кои се случуваа во изминатиот период и коишто ќе следат, треба да бидат предупредување за координирана акција на меѓународната заедница, пред се на НАТО, УНМИК и КФОР, за да се сузбијат сите појавни елементи и на тероризам каков што го имавме за време на викендот во нашата држава“.

Македонската загриженост за состојбите и потребата од кординација од страна на Србија и Црна Гора со одговор за заедничката обврска:

„будно да го следиме развојот на ситуацијата на Косово, Јужна Србија и Западна Македонија и да разменуваме одредени информации“

рече сојузниот министер за одбрана на србија и Црна Гора Владимир Радојевик. Тој истовремено ја посочи определбата на двете земји сите спорни прашања да се решаваат преку дијалог.
XS
SM
MD
LG