Достапни линкови

Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај


И покрај информацијата од Владата дека таа не е подготвена да ги исплати платите на вработените во македонски железници и апелот да прекине штрајкот, железничарите велат дека продолжуваат со блокада на сообраќајот

„Остануваме на нашите барања доследно и го повикуваме нашето членство да ни се приклучи масовно во Железничката станица Скопје. Владата вчера преку нејзиниот претставник искажа ноторни лаги со тоа што кажа дека исплатила три плати во Македонски железници. Од документацијата со која располагаме може да се види дека владата воопшто не исплатила три плати, туку даде само за ноември помош од 43 милиони денари а во јавноста пушти информација дека исплатила една плата“.

изјави Тони Гуревски од штарјкувачкиот одбор на Македонски железници кој посочува дека Владата од нив бара да ги почитуваат правните норми

„Постојано бара од вработените да исполнуваат некаков минимум процес на работа, согласно некои законски прописи, а нејзината законска обврска согласно со член 127 од Законот за македонски железници, воопшто не ја става ни на владина седница, ни на никаква програма“.

Токму поради тоа што Владата не ги исполнува своите обврски, вели Гуревски ние нема да одговориме на повикот за обезбедување на минумум сообраќај

„Воопшто нема да прифатиме никаков сообраќај додека не седне штрајкувачкиот одбор да разговара со претставници на владата околу доставените барања“.

Гуревски е категоричен дека тие остануваат на своите барања

„Како прво, да се реши статусот на Јавното претпријатие Македонски Железници, вклучување во процесот на трансформацијата, гаранции за исплата на редовна плата и материјални трошоци и сето останато што ги засега вработените“.

На вчерашната владина седница била разгледана нацрт верзијата за трансформација на ова претпријатие и притоа министерствата за транспорт и врски и финансии се задолжени да продолжат со преговори со Светската банка. Според верзијата на министерството за транспорт и врски се предвидува од околу 3000 вработени во ова претприајтие на работа да останат 1100 лица, а според таа на Светската банка 900.
XS
SM
MD
LG