Достапни линкови

Граѓаните бараат алтернатива


Голем дел од невработените во Македонија се лица со високо образование. За оваа зборуваат статистиките на заводот за вработување и редиците од млади луѓе пред оваа институција кои редовно го пријавуваат тој статус. Меѓутоа, во последните неколку години овие луѓе ненаоѓајќи соодветни на нивниот статус прифааќаат и алтернативните решенија. На пример во агенциите за услуги во домаќинствата од типот на чување на стари и изнемошени лица како и на малолетни деца голем дел од лицата кои се јавуваат да ги работат овие услуги се лица со диплома

„Можам да кажам дека тоа се триесет до четириесет насто кои се ангажирани за чување на деца. Најчесто имаат завршено странски јазици или социолошки школи,“

вели Слаѓана Спирова претставник на една скопска агенција за услуги во домаќинствата. Таа додава дека како последица на невработеноста во државата интересот за работа во овие агенции е голем не само кај младите луѓе туку и кај постари лица кои имаат статус на технолошки вишок. Како што вели Спирова луѓето кои како последица на транзицијата ја изгубиле работата наместо да примаат пензија сега заработуваат издржувајќи други пензинери кои имаат пари да платат за таквата услуга.

„Интересот е голем од оние шт бараат таков начин на заработка.“

Сепак неодминлив е впечатокот на луѓето кои работат во вакви агенции дека постојат и многу други постари лица на кои им е потреба нега и грижа, но немаат да платат за таквата услуга.

„Кога се големите акции за поддршка на старите лица им се обрнува внимание, инаку им се обрнува многу мало внимание.“

Таа додава оти тоа е обврска на која треба да работат социјалните институции во државата.
XS
SM
MD
LG