Достапни линкови

Брисел: Постигнат договор за одбрана на Турција


Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон изјави дека солидарноста на алијансата преовлада откако доцна синоќа беше постигнат договор за планирање воени мерки за одбрана на Турција во случај на војна со Ирак. Станува збор за одбранбени мерки усвоени во 18 члениот Комитет за одбранбено планирање. Франција која најмногу опонираше не е член на овој комитет, а Германија и Белгија ги повлекоа своите забелешки. Генералниот секретар Робертсон рече дека НАТО дава подршка за решавање на ирачката криза во рамките на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG