Достапни линкови

Пари има, проблем банкарскиот систем


Македонија е земја во која е регистрирана најниска стапка на домашни инвестиции од земјите во транзиција. Финансиските средства очигледно не се проблем. Во банките лежат 500 милиони американски долари орочени на одреден временски период, кој не се повлекуваат за истите да бидат инвестирани во конкретни бизнис проекти.

„Парите не се проблем. Ние немаме начин, немаме инструменти, немаме институции како парите што ги имаме да ги ставиме во функција на инвестициите на развој“

објаснува професорот од економскиот институт професор Благоја Нанески. Непостоењето на квалитетен менаџерски кадар е само една од причините зошто Македонија има низок степен на домашни инвестиции.

Во моментов во Македонија најзастапени се Инвестициите од инфраструктурата која по правило не отвараат нови работни места. Се додека банкарските референти не почнат да одат со своите претходно подготвени инвестициони програми по нивите на земјоделците и нудат ефтини и поволни кредитни линии, нема да има развој на инвестиционата активност е ставот на Нанески.

„Кај нас каматните стапки се мошне високи и претставуваат голема пречка за заемо барателите да бегаат од банките.“

Спориот систем на реализирање на хипитеките, а кој во останатите земји се смета како најсигурен инструмент во обезбедувањето на финансиските средствата е причина плус зошто банките имаат строги услови во одобрувањето на кредитни линии за инвестирање во одредени бизниси.

„Заемо барателите се принудени да најдат многу голема хипотека, а од друга страна пак и банките имаат страв затоа што и покрај таквата хипотека се плашат дека истата не можат да ја реализираат.“

Ваквите услови што ги поставуват финансиските институции по правило се неприфатливи за идните бизнисмени бидејки кредитните линии се одобрувани по високи каматни стапки

„Банките си се однесуваат комотно, заработуваат добро, нивните службеници имаат високи примања, а не нудат многу производи на клиентите.“

Интересен е и односот на заводот за статистика кон домашните инветиции. Големината бруто домашни инвестиции заводот за статистика последен пат ја има пресметано за перидот од 1999 година.
XS
SM
MD
LG