Достапни линкови

Багдад: Протеран дописникот на „Фокс Њуз“ како одговор на протерувањето ирачки новинар од САД


Дописникот на американската телевизија „Фокс Њуз“ е протеран од Ирак, како одговор на протерувањето на дописникот на ирачката агенција ИНА од Соединетите Држави. На останатите членови на екипата на ,,Фокус Њуз,, останувањето во Багдад им е одобрено, изјави претставникот на телевизијата, Џон Стак. Ирачкиот новинар кој во петокот беше протеран од Соединетите држави е обвинет за соработка со ирачката разузнавачка служба и за „активности штетни за националната безбедност на земјата“.
XS
SM
MD
LG