Достапни линкови

logo-print

Сиднеј: Втор ден демонстрации на стотици илјади луѓе против војна во Ирак


Стотици илјади луѓе протестираат денеска во Сиднеј, против војната во Ирак. На вториот ден од протестите, полицијата проценува дека бројот на демонстраните е поголем од вчерашниот. Австралискиот премиер Џон Хауард, кој заедно со британскиот премиер е еден од најверните сојузници на Соединетите држави, изјави дека, демонстрациите во земјата, не се одраз на вкупното јавно мислење во земјата. Во серијата антивоени собири, милиони луѓе ширум целиот свет, протестираат во теков на викендов.
XS
SM
MD
LG