Достапни линкови

Каиро: Состанок на арапскиот сојуз за кризата во Ирак


Министрите за надворешни работи на 22 земји, претставнички на арапскиот сојуз, денеска во Каиро, започнуваат состанок посветен на Ирачката криза. Во рамки на состанокот, египетскиот претседател Хосни Мубарак ќе побара кон крајот на февруари да биде одржан итен самит за ситуацијата во Ирак. Според него, арапските лидери мора да бидат единствени и одлучни дека ситуацијата во Ирак може да се реши и по мирен пат.
XS
SM
MD
LG