Достапни линкови

Зелено светло за планот на владата за спроведување на Рамковниот договор


Двочасовните разговори на потписниците на рамковниот договор резултираа со реафирмација на нивната насоченост за негово спроведување и со зелено светло на владините документи за начините и динамиката како тоа ќе биде реализирано.

„На овие документи им беше дадена поддршка од присутните и беа оценети како мошне добра основа за забрзување на имплементацијата на рамковниот договор“.

рече портпаролот на претседателот Трајковски Борјан Јовановски. Учесниците, лидерите на СДСМ и ПДП Црвенковски и Алити, потпретседаелот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорчев, претставници на странските олеснувачи и на владата вицепремиерот Муса Џафери и министерите за финансии и за локална самоуправа Гошев и Гештаковски, во одсуство на демократската партија на Албанците во констурктивна атмосфера, како што беше речено го поддржале владиниот план за децентрализација како и за правичната и соодветна застапеност. Комитетот на министри задолжен за ова прашање треба до март да ја предложи динамиката. За 11-те закони што не се поврзани со децентрализацијата временската рамка што владата ја предложи е два месеца и тоа било подржано од присутните. На средбата била извршена и првична проценка на трошоците за имплементацијата на рамковниот договор, па на странските претставници им е пренесена пораката

„Побарано е од меѓународната заедница да даде конкретна поддршка за обезбедување на дополнителни средства за дисбалансот помеѓу потребните и обезбедните средства“

рече Јовановски.

Истовремено е побарано ослободување на средствата од донаторската конференција по аранжманот со меѓународниот монетарен фонд да не го чека состанокот на бордот на директорите на оваа финансиска инситуција кој треба да се одржи во април, туку парите да се испратат во земјава веднаш откако аранжманот помине во собранието. Лидерите се одговорија на следната средба да се одржи кон крајот на март. Изразено е очекување дека на неа ќе учествува и ДПА. Владата е задолжена на таа средба да информира за конкретниот план и потребните финансии за обнова на разрушените куќи и инфраструктурата.
XS
SM
MD
LG