Достапни линкови

Брисел: НАТО ќе чека на ОН


НАТО доцна синоќа реши да ја причека денешната сесија во Советот за Безбедност на Обединетите Нации во врска со Ирак откако по четири дена не успеа да постигне консензус за воено планирање за заштита на својата земја членка Турција во евентуалната војна. Франција, Германија и Белгија го блокираа военото планирање сметајќи дека помошта за Турција ќе ги попречи дипломатските напори за одбегнување на војната.
XS
SM
MD
LG