Достапни линкови

Разочараност од одлуката на ДПА за неучество на лидерската средба


Безбедносната ситуација во Македонија е добра, а законот се спроведува и на места како што е Велешта, изјави денеска американскиот амбасадор Лоренс Батлер.

„Ги поздравуваме акциите на министерот за внатрешни работи, неговите полицајци и обвинителите кои го ставија Дилавер Бојку зад решетки, каде што и му е местото. Акцијата против трговијата со жени испрати сигнал дека не е важно кој си и од која етничка припадност – доколку си вмешан во криминал ќе одиш во затвор. А тоа е нешто што САД комплетно го поддржуваат: секој што и се заканува на територијалниот интегритет и стабилноста на Македонија ризикува да се најде на претседателовата црна листа или во притвор некаде на Косово“.

рече Батлер изразувајќи разочарување поради најавата на ДПА да не учествува на утрешната средба кај претседателот Трајковски.

„Разочаран сум што господинот Џафери и ДПА очигледно не планира да присуствува на состанокот во петок,“

изјави американскиот амбасадор додавајќи дека се надева дека без оглед на отсуството од лидерската средба, партијата на Џафери во собранието ќе ги поддржи законите што произлегуваат од рамковниот договор.

Разочараност од потегот на ДПА и од евро-пратеникот Брунс. Портпаролката Ирена Ѓузелова вели:

„Целосната имплементација на Охридскиот договор е апсолутно неопходна за македонската интеграција во Европа. Сите одговорни политичари би требало да придонесат кон таа цел,“

вели Ѓузелова.

На ставот на ДПА со кој се објаснува бојкотот на лидерската средба, дека е незадоволна од неспроведувањето на законот за амнестија Ѓузелова вели:

„Овие средби се можност за ДПА да им ги искаже своите забелешки на владата и на претседателот“.

Околу амнестијата, американскиот амбасадор воздржан:

„Можеби постојат некои конкретни забелешки и поднесени жалби, но се е во рацете на судот – процесите течат и би било неблагодарно да се коментираат“.
XS
SM
MD
LG