Достапни линкови

Заеднички против екстремистите


На средбите во Приштина командантот на КФОР генералот Фабио Мини и цивилниот администратор на ОН на Косово Михаел Штајнер со македонскиот минитер за одбрана Владо Бучковски договорено е заедничко патролирање и извидување на границата меѓу АРМ и КФОР. Потоа, воспоставување ќелија за врски на АРМ во седиштето на КФОР во Приштина, како и забрзување на процедурата за отворање на канцеларија за врски на Македонија во Приштина, чија главна цел би била зголемување на економската соработка меѓу македонски и фирми од Косово.

Сепак, една од главните теми за кои во Приштина разговараа министерот Бучковски со неговите домаќини беше безбедносната состојба во регионот. Меѓуетничките судири и организираниот криминал претставуваат закана за безбедноста во регионот и затоа потребно е координирано делување, се согласиле министерот Бучковски и командантот на КФОР Фабио Мини.

„Многу сум задоволен и од средбата што ја остварив со господинот Штајнер и со генералот Мини, бидејќи ме охрабрија дека можеме заеднички, во координација нашата армија со КФОР и нашата полиција со УНМИК, да ги пресретнеме во намерите екстремистите кои секогаш можат да го искористат нашето невнимание или нашето опуштање и своите криминални побуди да ги трансформираат во поинакви побуди,“

изјави по средбата со Штајнер македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски.

Инаку, иако македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски најави дека на средбата со Штајнер ќе усчествува и премиерот на привремената косовкска влада Бајрам Реџепи, до таква средба не дојде.
XS
SM
MD
LG