Достапни линкови

Цените на прехранбените производи нема да се покачат


Со зголемувањето на стапките на данокот на додадена вредност нема да дојде до покачување на цените на прехрамбените производи. Тезата дека покачувањето на останатие услуги ќе влијаат и на корегирање на цените на овие производи кон нагоре е неаргументирана

„Ако им се зголеми цената на струјата во фактурата што треба да ја платат, тие таа фактура му ја враќаат на министерството за финансии и таа разлика министерството за финансии им ја враќа ним. Сите кои велат дека овие поместувања ќе повлечат зголемување на цената на храната, тоа се изговори, тоа не е точно“.

вели министерот за финансии Петар Гошев. Водата за пиење нема да се покачи, единствено корекции ќе има кај индустриската и водата за наводнување.

„Онаа вода што е за миење и готвење ќе биде со ддв од 5 отсто, таа е храна“.


И додека во електро стопанство сеуште прават калкулации дали и колку да ја зголемат цената на електричната енергија министерот за финансии со препорака до нив, намалете ги трошоците, а цената оставете ја на постојното ниво.

„Тоа јавно претпријатие ќе мора да си преземе политики на внатрешна консолидација, да ги искористи внатрешните резерви, и не може туку така како монопол, како и други монополи, решенијата да ги бара само од позиција на монопол.“

Во топлификација велат, ние цената нема да ја зголемиме, граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за 13% само поради зголемувањето на данокот на овој тип услуга. Дали цената на становите ќе оди нагоре ќе зависи поединечно од секоја компанија. Гошев со предупредување, доколку цените се зголемат комапниите многу лесно можат да го изгубат пазарот.

„Кога ќе се најдат во конкуренција со сите други фирми што произведуваат станови под рамноправни услови, тогаш сите ќе размислуваат дали имаат простор да ги зголемат цените. Не во зависност од тоа колку тие мислат да вградат трошоци, туку во зависност од тоа колку има куповна моќ населението да плати за становите“.


Зголемувањето на данокот на додадена вредност беше услов да се потпише стенд бај аранжманот. Доколку не го потпуишевме ќе имавме многу поголеми последици што значи дупка во платниот биланс од 26 милиони долари и неодмрзнување на одобрените околу 200 милиони американски долари од донаторската конвференција.

Покачувањето на цените на производите на крајот на годината ќе резултира со покачување на инфлацијата од најмногу 0.6% е ставот на министерот за финансии Петар Гошев.
XS
SM
MD
LG