Достапни линкови

Сите што соработуваат со Американците против Ирак се непријатели на исламот


Лидерот на терористичката мрежа Ал Каида Осама Бин Ладен преку аудио снимка што ја објави катарската телевизија Ал Џезеира, изјави дека сите оние што соработуваат со американците против Ирак се непријатели на исламот. Соединетите држави се обидуваат со окупација на Ирак да создадат голем Израел во регионот. Со големо внимание ги следиме подготовките за повторно освојување на бившата престолнина на исламот, се вели во изјавата за која катарската телевизија тврди дека е на Бин Ладен. Соединетите Држави соопштија дека изјавата веројатно е автентична. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер оцени дека со оваа изјава се потврдува дека постојат врски меѓу Ирак и терористичката мрежа Ал Каида.

„Тој им се заканува на сите во арапскиот свет, освен на Садам Хусеин. Тој всушност вели дека ќе се бори на старната на Хусеин.“

Изјави Баучер, додавајки дека е јасно оти постојат комуникации и контакти меѓу Хусеин и Бин Ладен. Со ист став и американскиот државен секретар Колин Пауел, кој изјави дека уште еднаш се покажуваат врските на терористите, одговорни за смоубиствените напади, и Ирак.

„Го прочитав она што го изјавил Бин Ладен или оној за кој се верува дека е Бин Ладен и јасно е дека тој му се обраќа на Ирак и зборува за нивното партнерство.“

Објавувањето на изјавата на Бин Ладен дојде истовремено со оценката на директорот на ЦИА Џорџ Тенет дека се зголемува ризикот од можни нови терористички напади во Соединетите Држави и во арапскиот свет.

„Додека Ал Каида бара можност за голем напад, ќе се обиде да продолжи со напади врз полесни цели. Ал Каида е фокусирана и врз нашите сојузници во Европа, како и врз цели против Израел.“

Тенет додаде во дека нападите би можело да биде употребено радио-активно или хемиско оружје. Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин во Париз изјави дека Ал Каида оперира во Чеченија и оти тајните служби на повеќе европски држави потврдиле дека терористите во Чеченија се поврзани со Ал Каида.
XS
SM
MD
LG