Достапни линкови

Враќање на довербата за поефикасна акција на полицијата


Пред два дена кога во кумановското село Опае беше подметнат пожар во една куќа додека нејзиниот сопственик престојувал во еден од колективните центри.

„Причината за пожарот според првите сознанија од увидот е отворен пламен, намерно предизвикан од непознат сторител.“

Ова е константен одговорот на полицијата генерално кога станува збор за палењата на куќите. Во скопското село Арачново оваа појава е најчеста. Според портпаролот на МВР Воислав Зафировски од периодот на завршувањето на воените дејствија па досега во ова село се регистрирани десет подметнати пожари. Тој објаснува зошто преземените мерки за расветлување на сторителите досега не покажале резулатат.

„Морам да признаам дека тој процес оди многу тешко затоа што отсуствува поблиска соработка меѓу месното население и полицијата.“

Тоа пак што прашањата од безбедносен аспект сеуште не се докрај решени би требало да прествува објаснување што некои луѓе одбиваат да се вратат дома и сеуште престојуваат во колективните центри. Во меѓувреме високиот комесарјат за бегалци прави напори сите раселени лица да се вратат во своите домови. Портпаролот на УНХЦР Горан Момировски вели дека 95 проценти од раселените лица веке го сториле тоа.

„За жал сеуште постојат села кои не се во можност да овозможат услови за враќање. Во моментов има околу 400 внатрешно раселени лица и околу 3,500 лица коишто се во моментов на Косово. Најчесто се работи за кризните региони, поконкретно кумановските села Матејче и Опае и скопското село Арачиново.“

Засега на оние луѓе кои ќе рашат да се вратат дома УНХЦР како што вели Момировски може да им излезе во пресрет единствено со тоа што ке им обезбеди материјлни средства во делот на покуќнината. Постојат луѓе кои ја прифаќаат и таквата помош и тие веќе уште пред неколку месеци се вратени во своите домови, но нивниот број во Арачиново остнува да биде незначителен.

За да се надминат ваквите состојби според портпаролот на МВР Воислав Зафировски треба меѓу другото во наредниот период да се работи на градењето разбирање меѓу полицијата и месното население.

„Мора на тој план да се стори повеќе во престојниот период. Мислам дека со мешаните патроли ќе имаме можност да откриеме и дел од сторителите на овие пожари.“
XS
SM
MD
LG