Достапни линкови

Регулирање на правото на штрајк


Потребно е воведување на поригорозни услови кој треба да се исполнат за организирање на штрајкови, потребно е нивното време траењето да биде лимитирано, а дел од направените трошоци ќе мора да ги сносат и самите организатори. Така предлагааат владините функционери. Од синдикатот одговараат, иако потпишавме социјален договор нема да дозволиме работникот да го изгуби правото преку протести и блокади да ги остварува своите барања, предупредуваат од сојузот на синдикатите на Македонија. Ситуацијата меѓу социјалните партнери се вжешти по владината иницијатива јасно да се утрдат правилата кога, како и на кој начин работникот може да ги оствари своите права со што според најновото предложено законско решение во голема мера би се стеснил маневарскиот простор на работниците да го изразуваат својот револт.

„Нема да дозволиме промена на законот за штрајк кој ќе биде рестриктивен, кој практично ќе ни ја затвори и таа последна можност, кога работите не можат да се решат на маса“

За волја на вистината во име на синдикалните права, во еден добар дел и политиката ги вмешуваше своите прсти, а не ретко и работниците што не е во нивна надлежност решаваа акционерски проблеми, тие менуваа управни и назначуваа надзорни одбори.

„„Во голема мерка има инволвираност на партиската политика,иако можеби главната работа е во тоа што синдикатот не е во состојба да ги контролира работите,“

вели социологот Ило Трајковски. Во министерството за труд и социјална политика, засега молчат околу содржината на предложените измени во законот за штрајк. Од синдикатот во едно се сигурни, реакции ќе има.

„Секое намалување на правото на штрајк во синдикатот и во членството ќе предизвика револст со кој владата ќе мора да се соочи, а тој револт нема да биде во канцеларија, туку ќе биде надвор“.

Само за 2002 година во 65 случаи работниците своите права се обидоа да ги реализират преку штрајкови и протести. Почнувајќи од оваа недела започна и новиот бран на протести , во кој период пристигна и најавата од првиот синдикалец

„До крајот на овој месец, Сојузот на синдикатите на Македонија ќе направи постапка за организирање генерален штрајк во Македонија,“

предупредува председателот на ССМ Ванчо Муратовски.
XS
SM
MD
LG