Достапни линкови

Али Ахмети наскоро ќе биде трнат од црната листа на Буш


Лидерот на ДУИ Али Ахмети но и поранешен политички преставник на ОНА кој за време на кризат во Македонија беше ставен на црната листа на американскиот претседател Џорџ Буш набргу ќе патува за САД, најавуваат од неговата политичка партија.

„Многу брзо господинот Ахмети, лидерот на нашата политичка партија, веќе нема да биде дел од таа листа. Сметаме дека тоа е така токму поради конструктивноста на политиката што ја водеше ДУИ и токму поради конструктивноста што тој ја покажа лично водејќи една политичка партија во тек на еден многу чувствителен момент на новите демократски процеси“.

Изјави потпретседателот на ДУИ Теута Арифи. Лидерот на Партијата Ахмети нема да биде поканет на некоја официјална посета во САД туку тој преку учество на некоја Конференција би патувал за Америка велат во неговата партија. Патувањето на Ахмети во САД била и една од темите за која викендов во Поградец Албанија разговарале, албанскиот премиер Фатос Нано, лидерите на ДПА и ДУИ, Арбен Џафери и Али Ахмети.

Американскиот амбасадор во земјава Лорен Батлер неодмна изјави

„Листата често е предмет на ревизија, за да се види дали лицата кои се наоѓаат на неа се уште ги задоволуваат критериумите или не, за да бидат на таа листа. Се работи за одлука која ја донесува единствено американскиот претседател. Како што имам кажано и порано, од потпишувањето на рамковниот договор Али Ахмети има дадено голем придонес за враѓќањето на стабилноста во овој дел на светот“.

изјави американскиот амбасадор во земјава Лоренс Батлер.
XS
SM
MD
LG