Достапни линкови

logo-print

НАТО се соочи со една од најголемите кризи од постоењето


НАТО се соочи со една од најголемите кризи во своетот постоење. Вакви се коментарите на експертите откако Франција, Белгија и Германија го блокираа барањето да и се даде превентивна помош на Турција во случај да дојде до воена интервенција врз Ирак. Овие три земји сметаа дека ваквите мерки значат оти однапред се прифаќа лоgиката на војна нечекајќи да се искористат сите можности таа да се избегне. Американскиот амбасадор во НАТО Николас Брнс оцени дека блокадата покажува оти Алијансата се соочува со криза на кредибилитетот, додека секетарот за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека трите земји нема да ја спречат обврската на НАТО да заштити членка која тоа ќе го побара. Тимоти Гарден експерт од Лондон вели:

„Американците се веќе презаситени од НАТО на еден или друг начин и мислам дека тие ќе се свртат на билатералани договори во врска со безбедносните прашања.“

За Франц Дитер Шварц од германскиот институт за меѓународни безбедносни прашања во Берлин пак, ирачката криза предизвика катастрофа во односите меѓу Соединетите Држави и некои од големите европски сили.

„Тоа е целосна пропаст сега во европско-американските односи. Садам Хусеин беше многу успешен во креирањето на поделбата во западниот свет.“
XS
SM
MD
LG