Достапни линкови

Со сите сили во борба против непотизмот


Форсирањата на фамилијарност при вработувањата не е ништо ново. Оваа влада како и претходната ја направи истата грешка, реагираат граѓаните по информациите дека некои владини функционери вработиле свои роднини на јавни позиции.

„Го потврдуваат она, доаѓам на власт и го правам она против коешто викав пред да седнам на власт.“

Поставувањето на блиски луѓе на клучни позиции според професорот Панде Лазаревски од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања јасно покажува:

„Дека политиката се сфаќа како еден добар бизнис, што треба да се уновчи.“

Според Лазаревски битно е да постои свест кај владата да го амротизира непотизмот, бидејќи последиците од оваа појава ќе се одразат врз институциите и општеството во целина.

„Некој убаво ќе профитира занимавајќи се со политика. Другите само ќе критикуваат во тесни кругови, никој нема да биде задоволен од едната страна, а од другата страна нема да има чувство до каде може да се оди. Во такви услови правила на игра не постојат и настанува хаос.“

Сепак кога станува збор за непотизмот според професорот Лазаревски треба да се имаат предвид двете страни на медалот.

„Прво треба да се има предвид дека никој не е крив ако некој е роднина со некого, а самиот поседува квалитет. Но, од друга страна непотизмот е зло само по себе. Тоа зборува за недостаток од чувство за јавен интерес и недостаток да се балансира личниот со јавниот интерес.“

Оттука кога станува збор за непотизмот и неговото одбегнување е таа појава да се сведе во подносливи рамки.

„Тоа зависи од транспарентноста и политичката култура. Колку луѓето може да кажат не.“

Граѓаните на функционерите кои имаат намера во иднина да вработуваат свои роднини им порачуваат:

„Да се откажат од функциите.“

„Не е убаво, некој да се вработи со врски, а другите да чекаат со години.“
XS
SM
MD
LG