Достапни линкови

Никола Поповски, претседател на Собранието на Македонија. Новата власт потфрли во итноста на собирањето оружје


Деловникот во делот на употребата на јазиците предизвика застој во работата на одделни комисии. Сега се најавува регулирање на оваа материја со закон. Тоа е би рекол, нешто екстра, ако се има предвид дека такво нешто и не беше предвидено во Рамковниот договор?

Од мој агол гледано, битно е сите одредби од Рамковниот договор за уставните амандмани да се спроведат, дали во дваесетина поединечни закони со по една - две одредби или во еден закон интегрално мислам дека е повеќе прашање на техника. Тоа е помалку важно, побитно е да се спроведат така како што треба. Настаната е непријатна ситуација и јас се надевам дека ќе успееме да излеземе од таа позиција со политички компромис.

Деновиве повторно се актуелизира донесувањето на популарно наречениот закон за пасошот, каков е вашиот став?

Проблемот се направи откако во минатиот состав не беше дефинирано до крај што е карактерот на пасошот, виза ви лична карта, изводи од матично и други лични документи и оној несреќен предлог на ВМРО во парламентот за целосна двојазичност на пасошот. Тоа предизвика можност за разни толкувања и сега нема друго освен да се направи политички компромис, да се најде решение прифатливо и за едните и за другите и при тоа никој да не биде поразен. Во тек сум и знам дека во рамки на коалицијата се разговара за наоѓање на политичко компромисно решение. Значи, ќе се бара политичко компромисно решение и се бара откако коалицијата ќе излезе со тој предлог до јавноста и до парламентот ќе треба да разговараме и со опозицијата да го прифатат и да бидат дел од тој процес.

Обемот на криминалот се смета дека во добар дел зависи и од големото присуство на оружјето во државава по кое се полесно се посегнува. Кога можеме да го очекуваме законот за одземање на оружјето?

Е тоа е една од работите за кои, условно да кажам новата власт, вклучувајќи го и парламентот потфрли. Наше изборно ветување беше во првите 100 дена, првите сто дена поминуваат на владата, на парламентот поминаа. Се најавува на пролет. Едно е сигурно, законот ќе го имаме, само ќе го немаме во термините кои ние ги ветивме. Меѓу другото овие три месеци се изгубија, а криминалот и натаму цвета, зборувам за класичниот криминал не корупцијата. Што значи дека јас сум еден од приврзаниците за што побрзо донесување на тој закон. Не треба да се чека пролетта. Моѓе и утре да се достави до парламентот. Владата мисли така, па тука имаме мала разлика за динамиката, а не за целите на политиката.
XS
SM
MD
LG