Достапни линкови

logo-print

Берлин: Средба Шредер - Путин


Германскиот канцелар Герхард Шредер и рускиот претседател Владимир Путин на денешниот состанок во Берлин, ќе го разгледаат францускиот предлог за зголемување на бројот на инспектори во Ирак, изјави германскиот министер за одбрана Петер Штрук. „Информациите кои беа објавени во медиумите за постоење на германско-француски план за разоружување на Ирак, не се целосно точни, но предлогот на францускиот министер за надворешни работи Доминик де Вилпен ќе биде на дневен ред на денешните разговори,“ изјави Штрук.
XS
SM
MD
LG