Достапни линкови

90 земји во светот за воена интервенција во Ирак


Против Ирак е половина свет. 90 земји се обединети во мислењето за потребата од воена интервенција врз Ирак, тоа претставува „најширока коалиција во историјата на човештвото“ истакна денеска американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд, на Конференцијата за безбедност во светот, која се одржува во Минхен. Земјите кои се залагаат за „одложување на воената интервенција врз Ирак, всушност ризикуваат, тоа побрзо да се случи“, изјави Рамсфелд.

„Сите се надеваме на мирно решение. Но единствена шанса за тоа е, јасно да се покаже дека слободните земји се подготвени да употребат сила, и дека светот е обединет и подготвен да делува.“

Според Рамсфелд, НАТО и Обединетите нации го ризикуваат својот авторитет, со нерешителноста околу Ирак. Тој побара од НАТО да биде подготвен да и помогне на Турција во случај да биде нападната од Ирак.

„Оние кои ја спречуваат алијансата да превземе макар и најмали подготовки, ризикуваат да го урнат кредибилитетот на НАТО.“

Франција, Германија и Белгија се спротивставуваат на барањето на Турција, бидејќи според нив тоа би значело дека НАТО ја ,,прифаќа војната,,.
,,Не сум убеден во аргументите за војна против Ирак, и не верувам дека Европа е поделена околу мислењата за војна,, изјави на Минхенската конференција, германскиот шеф на дипломатијата Јошка Фишер.

Агенциите известуваат дека најверојатно Франција и Германија подготвуваат нов план за ситуацијата во Ирак. Дветте земји пишува „Дер Шпигел“ ќе побараат сили на Обединетите нации да бидат испратени во Ирак, како гаранција дека земјата ќе биде разоружана.
XS
SM
MD
LG