Достапни линкови

logo-print

Багдад: Пристигнаа Бликс и Ел Барадеј


Шефот на инспекторскиот тим на Обединетите Нации Ханс Бликс и директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мухамед Ел Барадеј пристигнаа во Багдад во нова инспекторска мисија за тајното оружје на Ирак. Тие изјавија дека на дневен ред на нивната посета ќе бидат и разговорите со ирачките научници, меѓутоа не кажаа дали ќе се сретнат со ирачкиот претседател Садам Хусеин. На 14 февруари Бликс И Ел Барадеј пред Советот за безбедност на ОН, ќе го изнесат новиот извештај за ситуацијата во Ирак.
XS
SM
MD
LG