Достапни линкови

Њујорк: Зацврстување на демократијата пред решавање на статусот на Косово


Советот за безбедност на Обединетите Нации синоќа оцени дека, пред да биде решен неговиот статус, Косово мора да ги заврсти демократијата, мирот и стабилноста и да изгради одржлива економија. Исполнувањето на овие цели е од суштинско значење за почеток на политичкиот процес низ кој ќе се утврди иднината на Косово – се наведува во соопштението на Советот, во кое решително се отфрлаат едностраните иницијативи кои би можело да ја загрозат стабилноста во регионот. Шефот на УНМИК Михаел Штајнер во интервју за косовската телевизија изјави дека Советот за безбедност упати јасна порака до пратениците на косовскиот парламент кои побараа донесување декларација за независност да не се занимаваат со работи на кои се уште не им е време.
XS
SM
MD
LG