Достапни линкови

Врањска Бања: Синхронизирана акција на Македонија и Србија во сузбивање на тероризмот


Македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски и српскиот заменик-премиер Небојша Човиќ по синоќешната средба во Врањска бања оценија дека, поради ситуацијата во регионот, е неопходна синхронизирана акција на двете држави во сузбивањето на тероризмот. Во разговорот, како што изјавија, било заклучено дека треба да се биде многу претпазлив поради можните провокации и присуството на оружени групации кои би можеле да го загрозат мирот во регионот. Министерот Бучковски најави дека во идната недела ќе го посети Косово.
XS
SM
MD
LG