Достапни линкови

Пензионирањето на членови од републичкиот судски совет не е уставно


При подготвувањето на предлог законите Владата мора да ги има предвид уставните решенија бидејќи станува збор за највисок правен акт, вели магистерот на правниот факултет Татјана Каракамишева во контекст на недоразбирањата за мандатот на членовите на републичкиот судски Совет за кои Владата предлага старосна пензија покрај предвидениот мандат во Уставот.

„Парцијалното одлучување за пензионирањето на членовите на републичкиот судски совет во ниту еден момент не би било прифатливо како одлука, бидејќи покрај што се однсеува на членовите на републичкиот судски совет би требало да се однесува и за сите носители на јавни функции. Во таа смисла и на членовите на уставниот суд итн. Доколку се донесе ваков предлог закон треба да се преиспита неговата усогласеност со уставот.“

вели Каракамишева.

Доколку биде донесен таков закон во оопштението потпишано од претседателот на Републичкиот Судскиот Совет се вели дека оваа институција ќе го оспори пред уставниот суд. Со овој предлог директно се заговара рушење на уставните норми и уривање на уставниот поредок, а воедно и се загрозува самостојноста на судовите сметаат во Републичкиот Судски Совет.

Од друга страна Министерот за правда Исмаил Дардишта истакнува дека целта на предлогот со кој се предвидува пензионирање на членовите на Судскиот Совет е законот за оваа интитуција да се усогласи со уставните амандмани

„Измените и дополнувањата во овој закон се прават согласно амандманот 14 од Уставот на Република Македонија со кој се дополнува ставот 2 од член 4 од уставот. Амандаманот 14 предвидува тројца членови од републичкиот судски совет да се избираат со мнозинство гласови од пратениците од заедниците кои не се мнозинтсво во Република Македонија. Значи, за да се услогласат овие одредби со членот 14 од уставот ги направивме овие измени во законот за републичкиот судски совет.“
XS
SM
MD
LG