Достапни линкови

Изјавата на групата Вилнус 10 не значи заземање страна


Додека Советот за безбедност на ОН не излезе со јасен и прецизен став околу случајот Ирак, Македонија ќе биде воздржана во дебатата околу можната воена интервенција за која се залага Вашингтон, за сега е став на македонскиот државен врв. Сепак, Македонија фигурира во текстот на изјавата објавена од страна на Вилнус групата во која се оценува дека доказите што американскиот државен секретар Колин Пауел ги изнесе во ОН за ирачкото непочитување на резолуцијата 1441 се доволни.

Коментарите дека со оваа изјава Македонија, заедно со Естонија, Литванија, Летонија, Бугарија, Романија, Словенија, Словачка, Хрватска и Албанија застанува зад соединетите држави и отворено ја поддржа проамериканската струја во Европа за начинот на решавање на ирачкиот проблем ги демантираат во македонското министерство за надворешни работи.

„Изјавата не имплицира заземање страна, туку претставува политички став на оваа група земји по прашањето на разоружувањето на Ирак, донесен врз основа на фактите и донесените резолуции на Советот за безбедност на ОН. Согласно од елементи и тргнувајќи од интересите на државата Република Македонија застана зад оваа изјава заедно со другите девет земји од Вилнус групата. Сите фактори во надворешната политика на Република Македонија се единствени по ова прашање. Оваа изјава на групата Вилнус 10 не се потпишува, туку само се дава согласност,“

рече портпаролот во МНР Санта Аргирова.
XS
SM
MD
LG