Достапни линкови

Интензивирање на активностите за спречување трговија со луѓе


Во согласност со напорите на меѓународната заедница за заедничко дејствување во насока на сузбивање на трговијата со луѓе во иднина ќе бидат интензивирани активностите на Министерството за внатрешни работи, бидејќи не се работи за проблем што ја засега само нашата земја, изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска

„Во оваа насока продолжува и соработката со соодветни служби од земјите од каде што доаѓаат овие девојки за преземање заеднички мерки.“

Покрај соработката со надлежните органи од земјите во регионот, Министерството со Меѓународната организација за миграции работи и на развивање на веке постоечката стратегија на земјава за борба против трговијата со луѓе. За придонесот од спроведување на националниот план правниот советник во ИОМ, Владимир Данаилов вели:

„Само пред две и пол години жртвите во трговијата со луѓе не беа препознаени како жртви, туку тие беа третирани како илегални имигранти и се протеруваа од Република Македонија. Сега не се протерувани, туку преку специјален транзитен центар се процесирани,“

Контевска и со прецизни податоци од спроведените активности на министерството за внатрешни работи

„Во 2002 година имаме регистрирано 49 кривични дела извршени од 79 сторители.“
XS
SM
MD
LG