Достапни линкови

logo-print

Учество во меѓународната мировна мисија


Единаесетмината војници од втората бригада на АРМ кои треба да учествуваат во мировна мисија во Авганистан деновиве ги завршија двомесечните воено стручни подготовки и веќе се планира тие да заминат во таа земја во средината на овој месец.

„Тоа ќе биде големо искуство за мене, како и за моите колеги. Ќе бидеме еден вид дипломати, да му докажеме на светот дека ние можеме исто така да бидеме во склоп на една мировна мисија како тие што доаѓаат тука и ние да претставуваме култура на други народи.“

Шпент и Гоце се дел од единицата со мулти етнички состав од Македонија што во рамките на контингентот на вооружените сили на Германија ќе заминат во Авганистан каде што треба да извршуваат задачи од доменот на мировните операции. При изборот на војниците за оваа единица беа селектирани 20 припадници и тие беа тестирани на повеќе нивоа, објаснува генералот на втората бригада на „Леопардите“ Јосиф Бошевски.

„Обуката е извршена по програмата за мировни операции при што беа ангажирани инструктори од вооружените сили на Германија. Единицата е во целост воено стручно оспособена и материјално подготвена што гарантира успех во мисијата и достојно презентирање на спремноста на АРМ и Република Македонија за членство во колективните системи на безбедност.“

И според оценките на меѓународните претставници во земјата заминувањето на македонските војници во мировна мисија во Авганистан претставува добар чекор кон патот на нашата земја за приближување кон структурите на НАТО. Во тој контекст амбасадорот на САД во Скопје Лоренс Батлер неодамна рече:

„Ние работиме заедно со вас на комплетирањето на вашата апликација за членство во НАТО. Македонија сега извезува стабилност. 10 млади Македонци се на пат за Авганистан да ни помогнат нас и на меѓународната заедница да го обновиме мирот во таа земја.“

Мисјијата на АРМ во Авганистан ќе трае шест месеци, по што таа ќе биде заменета со нова. Во рамките на земјите од регионот покрај Македонија со своја единица во Авганистан ќе учествува и Хрватска.
XS
SM
MD
LG