Достапни линкови

Презентирани докази дека Ирак поседува оружје за масовно уништување


Ирак не ги почитува барањата содржани во резолуциите на ОН и нема намера да се разоружа, изјави американскиот државен секретар Колин Пауел:

„Овој совет побара од Ирак целосно да се разоружа и не е работа на инспекторите да откриваат што е сокриено. Инспекторите се инспектори, а не детективи“

рече Пауел. Тој на членовите на Советот за безбедност им презентира разузнавачки аудио снимки на ирачки офицери на кои тие се договоараат на кој начин да го сокријат забранетото оружкје пред да дојдат инспекторите. Исто така, беа прикажани и сателитски снимки од места во Ирак каде што имало складишта за муниција и за оружје. Според овие снимки, овие складишта биле уништени, а оружјето пренесено за да не биде ништо пронајдено. Ирачкиот режим точно знаел кога и каде ќе дојдат инспекторите за оружје, рече Пауел, додавајќи дека продолжува играта на „мачка и глушец“ со што јасно се покажува намерата на претседателот Хусеин дека нема намера да ја открие вистината:

„Ова тело Советот за безбедност, се доведува во опасност да стане ирелевантно доколку му дозволи на режимот во Ирак да се спротиставува без на тоа да биде одговорено ефикасно и неодложно,“

рече Пауел. Тој посочи и дека Ирак поседува подвижни работилници за производство на хемиско и биолошко оружје и дека исто така може да го потврди ова тврдење со сателитски снимки. Нема докази дека Ирак поседува нуклеарно оружје, но како што рече Пауел, Садам Хусеин развива таква програма и собира елементи за производство на нуклеарна бомба.

Ирак е поврзан со тероризмот одамна, вклучувајќи ја и соработката со Ал Каеда чиј оперативци се финансирале и обучувале со помош на Багдад, вклучувајќи и проби со забрането оружје, изјави Пауел покажувајќи ТВ снимки од еден терористички камп во северен Ирак.

Кинескиот министер за надворешни работи Танг Џија Хуан зборувајќи во Советот за безбедност веднаш по Пауел изјави дека советот мора да стори се за да ја одбегне војната со Ирак. Тој рече дека мора да се почитува желбата на двајцата главни инспектори Ханс Бликс и Мохамед Ел Барадеј кои според него повеќе би сакале да ја продолжат истрагата во Ирак.

Шефот на британската дипломатија Џек Строу пак рече дека советот треба да си ја исполни ибврската бидејќи Ирак не соработува.

Рускиот министeр за надворешни работи Игор Иванов денеска пред Советот за безбендост на ОН изјави дека инспекциите на Светската организација во Ирак треба да продолжат. Според него, Ирак треба да одговори на прашањата што ги покрена американскиот државен секретар Колин Пауел во неговото обраќање.
XS
SM
MD
LG