Достапни линкови

Сеуште без прецизен став


До шефот на државава Борис Трајковски упатено е писмо од американскиот претседател Џорџ Буш со барање за поддршка во случај на воен напад врз Ирак, велат извори во државниот врв на земјава кои информираат дека исто такво писмо е доставено и до Турција и Бугарија. Притоа се бара одобрување за користење на воздушниот простор и бараките во кои беа сместени војниците на НАТО.
Барањето на Соединетите држави веке е разгледано на средба мегу претседателот Борис Трајковски и претставници на Владата.

Мегутоа државниот врв на Македонија сеуште нема прецизен став за ова прашање, освен дека ке се почитува резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Македонија гласаше за резолуцијата 1441 на Советот за безбедност на Обединетите нации, а со тоа ги поддржа и ставовите што се вклучени во таа резолуција, вклучувајќи го и ставот дека доколку Ирак не се придржува до таа резолуција, ќе сноси сериозни последици“

“Македонија е членка на Обединетите нации, ја поддржува резолуцијата за Ирак и нејзиното спроведување“


изјавија портпаролот на кабинетот на претседателот Трајковски, Борјан Јовановски и владиниот портпарол Сашо Чолаковски кој пак вели дека до Владата нема официјално барање и објаснува

„Кога е во прашање војната во Ирак, релациите со претседателот се на консултативно ниво – се вршат консултации и се разгледуваат варијатни, без никакви обврски што би значеле и одлуки на владата. Она што досега владата го има разговарано како наш интерес, е снабдувањето со нафта“

Професорот и поранешен амбасадор на Македонија во Обединетите нации Денко Малески смета дека поддршката што нашата земја ке ја даде во евентуалниот воен напад врз Ирак ке биде повеке декларативна отколку суштинска

„Ние не можеме да бидеме некој голем учесник во целава оваа акција, особено што не сме земја којашто располага со воени ефективи што можат да бидат ставени на располагање на оние кои влегуваат во воена конфронтација со Ирак“.
XS
SM
MD
LG