Достапни линкови

Југославија повеќе не постои


Федералниот парламент на сега веќе бившата Сојузна Република Југославија синоќа ја усвоји уставната повелба и законот за нејзиното спроведување. Тоа преставуваше финале на долгите преговори, на усвојувањето на повелбата во Собранијата на двете републики од кои беше составена Сојузна Југославија. Претседателот на Собранието Драгољуб Миќиновиќ го објави крајот на Југославија и раѓањето на Заедницата Србија и Црна Гора.

„Ја прогласувам уставната повелба на државната заедница Србија и Црна Гора. “

За оваа нова заедница или за најзината иднина Србите и Црногорците повторно ќе разговараат по три години. Евро Комесарот Хавиер Солана, кој беше посредник во преговорите меѓу Белград и Подгорица, изрази задоволство од усвојувањето на уставната повелба напомнувајки дека институциите на новата државна заедница треба да бидат формирани во рок од еден месец. Солана повтори дека за статусот на Косово и натаму е во сила резолуцијата 1244 на Обединетите Нации. Речиси истовремено синоќа во Косовското Собрание беше поднесена иницјатива, парламентот да усвоји декларација за независност. Иницјативата ќе биде разгледана на вонредна седница на 13 овој месец.
XS
SM
MD
LG