Достапни линкови

logo-print

Лондон: Посета на шефот на дипломатијата на Иран


Иранскиот министер за надворешни работи Камал Карази, допатува во Лондон, на разговори со британските лидери за евентуалната воена интервенција врз Ирак. Карази се очекува да оствари средби со британскиот премиер Тони Блер и шефот на дипломатијата Џек Строу. Британскиот шеф на дипломатијата Строу, во интервју за Би-би-си, истакна дека Ирак представува ,,основа,, за функционирање на Ал Каеда, но додаде дека сеуште не е позната врската меѓу терористичката мрежа и режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG