Достапни линкови

Њујорк: Бликс предупреди дека „последните пет минути“ за Ирак истекуваат


Шефот на инспекторскиот тим за разоружување на Обединетите Нации Ханс Бликс, предупреди дека ,,последните пет минути,, за Ирак завршуваат и Багдат итно треба да покаже дека соработува со инспекторите. Бликс и Ел Барадеј се очекува во сабота да отпатуваат во Багдат, на покана на ирачките власти. На 14 февруари ќе го известат Советот за безбедност на Обединетите Нации, за мисијата во Багдат, што најверојатно ќе биде последен пат пред американската воена интервенција врз Ирак.
XS
SM
MD
LG