Достапни линкови

Душанка Христова, вицегувернер на НБМ. НБМ почна да тргува на берзата на пари


Какви се првичните резултати и првичните ефекти од настапот на берзата?

Таквото работење го почнавме во петокот. И во првиот ден како централна банка имавме 18 транскации, значи не се собираа сите побарувања, туку со 18 транскации во текот на денот ние ја задоволивме побарувачката на девизниот пазар со тоа што денот го завршивме со резултат со однос во смисла на намалување на вредноста на еврото во однос на денарот, бидејќи денот го заклучивме со 62 денари за едно евро. Тоа беше последната понуда од централната банка и по таа понуда имаше само една зделка од 15,000 евра. Со тоа беа задоволени потребите на комерцијалните банки и по таа основа централната банка во петокот продаде вкупно 2,075,000 евра. Другиот карактеристичен момент за петокот е и тоа што банките не се јавија како побарувачи на девизи од менувачниците и што почнаа да тргуваат меѓу себе по курс што беше далеку понизок од оној претходниот ден кај банките сами и во меѓубанкарските трансакции.

Значи ли тоа дека со настапот на НБМ на берзата всушност се придонесува за стабилноста на денарот?

Ова што сега се прави е нов начин на работа на девизниот пазар во функција на стабилизирање на вредноста на домашната валута, но исто така и во функција на задоволување на побарувачката на девизи од сите учесници на девизниот пазар, без многу „мудрувања“ од страна на било кој од учесниците. Ваквото тргување се очекува и се работи на тоа да ги даде резултатите во трајно стабилизирање во тргувањето и во трајно определување на стабилната вредност на денарот во однос на еврото, што е таргетирано на 61.50, некогаш ќе биде повеќе, некогаш помалку, но во просек треба да ја постогнеме таа вреднос и сите заедно треба да се трудиме со инструментите на девизната на монетарната, а не треба да се заборави дека тука инзвонредно голема улога има и фискалниот дел од работењето, односно потрошувачката од страна на буџетските корисници.
XS
SM
MD
LG