Достапни линкови

Дебар: Едно лице убиено при обид за илегален премин на границата


Едно лице загина, а друго е во бегство при обид за нелегално преминување на македонско-албанската граница, во регионот на Дебар, соопшти македонското министерство за одбрана. Двете лица кои со натоварени коњи се обидувале нелегално да ја преминат границата, не застанале на предупредувањето на македонските граничари, по што било пукано во нив. Убиениот во синоќешниот инцидент е македонски државјанин, Илбер Штрези од Дебар, соопштија по истрагата судските органи.
XS
SM
MD
LG