Достапни линкови

logo-print

Македонија на добар пат за членство во НАТО


Македонија и конкретно ја доби потврдата дека чекорите што ги прави за членство во НАТО се на добар пат. На последната презентација акциониот план или годишната програма на Македонија за членство презентирана неодамна во Брисел според дел на учесниците е оценета како видлив прогрес на Македонија за членство во НАТО.

Но, позитивните оценки за заложбите за професионализација на Армијата, намалувањето на воениот рок, ослободувањето од вишокот тенкови Т-55 и постепена замена на сухоите со модерни борбени хеликоптери, транформација на граничното обезбедување што треба од одбраната да премине во рацете на МВР како и финансирањето на модернизацијата не го исцпруваат списокот на очекјувањата што пред земјата се иставаат од страна на НАТО. Политичкиот дел имено продолжува да биде еднакво важен сегмент во оценката на земјата за евентуално членство.

Оттаму и забелешката на американскиот лобист за проширување на Алијансата со земјите во транзиција Брунс Џонс вели:

„Па мислам дека работата на акциониот план за членство е неопходен, но не и доволен услов. Мора да се гледа малку пошироко како на пример на социјалните реформи, јакнење на судството, заштита на човековите права. Соединетите држави јасно посочуваат дека корупцијата е главен проблем во сите нови демократии. Тоа е појава која може да ги уништи демократските процеси.Јас мислам дека посветеноста на претседателот и премиерот во антикорупциската кампања е клучен елемент во агендата.“
XS
SM
MD
LG