Достапни линкови

logo-print

Ништо од дадените ветувања


Владата е неуспешна во сите аспекти, економскиот, политичкиот, а и безбедносениот план, е главната оценка на опозициските партии ВМРО ДПМНЕ и ДПА по првите 100 дена од функционирањето на коалициската влада на СДСМ ДУИ и ЛДП .

„Имаме атмосфера на политички линч, во која што имаме само дисквалификација на ВМРО-ДПМНЕ, значи владата ништо не работи туку се обидува да го уништи својот единствен сериозен политички опонент,“

вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев . Со сличен став и во ДПА Илјаз Халими изјави:

„Оваа влада, освен што притвори луѓе од ВМРО-ДПМНЕ нешто посебно во она што таа се залагеше нема направено.“

Владава немаше ниту сто дена бидејки состојбите во земјата не даваа простор за уживање , односно да се направат некави концепции вели Тито Петковски од СДСМ кој смета дека владата во целост се држи до еден од столбовите на пограмата борбата против крупцијата и криминалот. Но не може да се кажа така и за враќањето на интегритетот на целата територија на земјата, вели тој.

„Иако владата мораше да знае дека има банди одметнати, шверцери, дилери и како резултат на тоа имаме скоро секој ден убиство од нова година, па наваму.“

Незадоволтво од безбедносната состојба во земјава истакнуваат и преставниците на Опозиијата .

„Овие сто дена едноставно се случуваат работи коишто здравата логика не може да си ги објасни,“

вели Влатко Ѓорчев. Илијаз Халими од ДПА се додава:

„На теренот имаме лоша состојба, секој ден имаме убиства, киднапирања...“

Што се однесува до албанскиопт коалициски партнер во владата ДУИ првие сто дена на власта се позитивни.

„Основањето на оваа влада по воениот конфликт само по себе зборува за рлаксирана ситуација. Потоа Ситуаијата беше таква да сите колициски партнери мораа да се однесуваат внимателно во секој аспект бидејки мал пропуст можеше да не врати на назад. Има напредок во реструктуирање на државните органи и институции кој се надевам во наредниот период ќе бидат поефикасни во реализирањето на владината програма,“

изјави Муса Џафери.
XS
SM
MD
LG