Достапни линкови

Усогласен пакетот за имплементација на рамковниот договор


Од дискусијата на последната седница на владата освен усогласувањето на пакетот за имплементација на рамковниот договор, односно трите столба што се однесуваат на:

„Оперативниот план, односно она што го нарекувавме акционен план, вториот дел е децентрализацијата на власта и третиот дел е она што се нарекува основи на подготовка на програма за подобрување на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во јавната администрација,“

изјави портпаролот на владата Сашо Чолаковски. Тој рече дека произлезе заклучокот и за потребата од преиспитување на можноста за изготвување посебен закон за употреба на јазиците.

„И покрај тоа што како обврска од рамковниот договор не е законски проект што би се нарекол закон за употреба на јазиците, значи владата демонстира политичка волја со фуснота да го стави и овој проект со закони што треба да се донесат. Овој законски проект ќе биде разгледуван во согласност со тоа колку во претходните закони, законите што ќе се донесат е регулирана употребата на јазиците,“

рече Чолаковски.

Според Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и полиитичко правни истражувања потребата од ваков закон се потврдува и со постојаните недоразбирања во толкувањето на договореното за употребата на јазиците во собранието, во законските проекти како што е оној за пасошите и слично.

„Доколку не се направи тоа, тогаш во секој поединечен случај на решавање на прашањето ќе се создаваат услови за ад хок решацање и за преговарање меѓу политичките партии, значи ќе се губи и време и енергија, а нема да се добие соодветно решение. Значи, потребен ни е закон за употреба на јазиците. Не само за македонскиот или албанскиот туку воопшто за јазиците коишто се зборуваат овде во Македонија.“

вели Најчевска.

Со ваков закон би се стеснил просторот за политички игри. Актуелните случувања на таа тема, професор Ѓорѓи Иванов ги толкува:

„Како намеснски политички игри, да покажат дека работат нешто членовите на ДУИ бидејќи се покажаа дека не се многу вични за политичкиот процес.“
XS
SM
MD
LG