Достапни линкови

logo-print

Прашање на услови, култура, но и подобра организација


И на автобусите во Скопје им е потребен своевиден архитект:

„Како што има архитекти за куќа и како што има определено каде треба да е бањата, не во спалната нели, така и на автобусот,“

вели една патничка коментирајќи како треба да биде организиран градскиот сообраќај што таа секојдневно го користи.

Ако има добра организација градскиот сообраќај нема да функционира така како што тоа е случај сега, забекежува еден друг патник:

„Автобусите доцнат и по 40 минути. Се качуваат неверојатно многу луѓе. По пет минути се губи за качување, зад нив се создава колона од автомобили, сите свират и никој не се наоѓа да го реши тоа прашање.“

Сепак, некои луѓе се помалку критични и забекежуваат дека автобусите во Скопје доцнат бидејќи тоа е последица на општиот сообраќаен метеж во градот.

Во ЈСП се согласуваат дека постојат многу нешта што може да се направат за да може градскиот превоз да функционира подобро, но и дека во тоа треба да помогне градот.

„На одредени потези, да не речам во централното градско подрачје имаме загушување на сообраќајот. Таквите загушувања не може да се предвидат во изготвувањето на возниот ред, и секоја таква состојба нормално дека се одразува на пореметување на возниот ред, односно за народски речено доцнење на автобусите,“

објаснува Јелица Цветановска Димитрова, директор на техничкиот сектор во ЈСП. Но, некои недостатоци може да бидат подобрени и на едноставен начин.

„Мене ми се случило, како на постара жена да ми затвори врата пред нос,“

вели револтирано една граѓанка.

Како и ви многу други сегменти во градот, така е и во градскиот превоз. Се зависи од тоа кој автобус го чекате и на која линија. Едни стигнуваат на време, други доцнат по 40 минути.

„Нема доволно организација, ако има добра организација тоа нема да се случува,“

заклучува еден граѓанин.
XS
SM
MD
LG