Достапни линкови

Рано е да се зборува за причините на несреќата


Сите седум астронаути загинаа во Спејс Шатлот Колумбија кој се распадна во пламен вчера над Тексас враќајќи се по 16 дневната мисија. Ова е втор пат во 42 години од американските вселенски летови да се случи ваква катастрофална несреќа.

Контактот со Шатлот беше изгубен околу 14 часот по средно европско време на Северен Тексас на висина од 62 илјади метри. Експолозијата била пропратена со силна бучава и светлост на небото, а остатоците од шатлот паднаа главно во јужниот дел на оваа американска држава. Според НАСА премногу е рано да се зборува за причините за несреќата.

„За сега немаме индиции дека несреќата е предизвикана од нешто или од некого од земјата.“

, изјави преставникот на НАСА Шон О Киф. Предвидено е независна Комисија да ја истражи несреќата. Сите седум астронаути меѓу кои за прв пат еден израелец и првата жена индијка родена во вселената. Повеќето свестки лидери, меѓу кои , рускиот претседател Владимир Путин, генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан упатија телеграми со сочуство до американскиот претседател Џорџ Буш. Буш и Пути телефонски разговара како несреќата ќе се рефлектира врз плановите за снабдување на меѓународната станица управувана од американски и руски персонал. Буш видно возбуден и се обрати на јавноста најавувајки дека големата тага нема да го спречи натамошното освојување на вселеанта.

„Патувањето низ вселената ќе продолжи. На небото денеска видовме деструкција и трагедија. Сепак, ние таму можеме да ја видиме и надежта.“

Седумината астронаути беа во научна мисија за потребите на американската, европската, јапонската, германската и канадската вселенска агенција. Научниците најавија резултати без преседан.
XS
SM
MD
LG